Нашите клиенти најдобро говорат за нас.

ПОГЛЕДНЕТЕ КАКО ИМ ПОМОГНАВМЕ НА НИВНИОТ ПАТ КОН УСПЕХОТ.

Reference >>

Тимот на Солфинс  е нашиот најдобар производ.

3D tehnologije33

Sve naše delatnosti...

Implementacija i prodaja softverskih rešenja za razvoj proizvoda i proizvodnju

SOLIDWORKS i Solfins


Компанијата Солфинс е генерален застапник на компанијата SOLIDWORKS за Србија и Црна Гора.

SOLIDWORKS платформата претставува палета на софтверски решенија за машинско и електро проектирање, развој на електроника и управување со целокупниот развоен процес со алатки кои помагаат во производството, контрола на квалитет, набавки, продажба, маркетинг и финансии во вашата компанија.

Со SOLIDWORKS платформата создадовме цела низа на услуги и додатни производи поврзани со правилно имплементирање на софтверот во вашата компанија.

Нашиот пристап е пред се запознавање со вашите процеси, по што се договараме околу потребните софтверски пакети и услуги за остварување на вашите цели.


SolidWorks платформата >> 

3DEXPERIENCE i Solfins 3DS



Solfins 3D solutions, како членка на Солфинс групацијата е генреален застапник на компанијата  DASSAULT SYSTEMES За Србија, Црна Гора и Македонија.

Нудиме целокупна палета на решенија кои се базираат на 3DEXPERIENCE работната платформа и Catija, Enovia, Delmia и Simulija брендовите со кои ги комплетираме сите потребни алатки за развивање на комплексни производи и нивна подготовка за производство.

Палетата на произзводи ја заокружуваме со решенија за планирање, оптимизација и следење на производство.



CATIA i 3DEXPERIENCE >>

SolidCAM



Компанијата Солфинс е овластен застапник на компанијата Solidcam за Србија, Црна Гора и Македонија.

Нашиот тим и иновативната iMachining технологија во софтерот на Solidcam ќе го намалат временскиот циклус на вашата машина и ќе ги направат вашите вработени попродуктивни. 

Имаме подршка за глодалки, стругови, комбинирани мулти таск машини и управувачки единици. Погледнете зашто преку 60 компании во Србија ни го доверија својот машински парк...


SolidCAM >>


Машини, опрема и материјали.

3Д ПЕЧАТЕЊЕ И 3Д СКЕНИРАЊЕ

Odoo image and text block

3Д печатачи и 3Д скенери


Компанијата Солфинс се занимава со советување и продажба на решенија за РЕВЕРЗЕН инженеринг. Нудиме само проверена и доверлива опрема. Овластени застпници сме на компаниите 3DSystems, Markforged, Formlabs, Sindoh и Artec.

Solfins je Солфинс е дел од 3DZ групацијата која е најголемиот дистибутивен ланец на опрема за 3Д печатење и РЕВЕРЗЕН инженеринг во Европа, со взаемен договор во можност сме да ги понудиме сите производи на 3DZ групацијата и со вас да ги споделиме искуствата за примена на 3Д технологиите од развиените европски земји.

Нашата опрема ја користиме и ние самите и нудиме услуги од 3Д печатење и реверзен инженеринг.


3Д печатачи и 3Д скенери >>

УСЛУГИ


Компанијата Солфинс со својата услужна дејност е насочена кон компаниите и поединците.

За компаниите изведуваме машинско проектирање и развој на комплетен производ, протипско призводство (3Д печатење), реверзен инженеринг, обуки, консалтинг, имплементирање на софтвер...

Нашиот основен принцип е разбирање на вашите процеси и проектни барања и пронаоѓање решенија кои ќе Ви донесат заштеда на време и пари!


Соработката со физички лица пред се се однесува на едукација преку нашата образовна институција-3Д Академија.


УСЛУГИ >>



Машинско проектирање и развој на производи


Имате проблем со работната сила, кратките рокови, недостаток на искуство во одредени области. Нам ни го плаќате само ефективното време поминато во развој на вашите производи. Годишните одмори, боледувањата и отсуствата од работа не се повеќе ваш проблем!

Услужно 3Д печатење



Ако квалитетот, поддршката и помошта за решавање на проблеми ви се приоритет побарајте не. Ние поседуваме 3Д печатачи кои се најпрецизни на Балканот и 3Д печатачи кои печатат на сите видови пластика и композитни материјали кои се полесни и поцврсти од алуминиум...

Консалтинг



Снимање на вашиот систем за работа, советување со цел зголемување на вашата продуктивност и профитабилност, прилагодување на софтвер според вашите потреби, автоматизација на работи кои се повторуваат.

Имплементација на софтвер


Со купувањето на софтверот само го решавате прашањето околу валидноста на неговото користење. Само со правилна имплементација, обука и проактивна подршка можете да очекувате поврат на инвестициите и унапредување на постојните системи за работење.

 

3Д Академија


Курсеви, обуки и специјалистички студии за подготовка на вработените за иднината работа. Покрај се присутниот тренд на дигитализација,  компанијата Солфинс одржува и специјалистички обуки и курсеви кои ги подготвуваат студентите и работниците за иднината работа од областа на машинството и електротехниката.

Услуги за 3Д скенирање 


Ако имате премет со сложена геометрија и ви треба негов 3Д модел поради редизајн, поправка, изработка на резервни делови или дигитализација на музејски или архитектонски експонати ние можеме да ви помогнеме бидејќи поседуваме неколку технологии за 3Д скенирање.

Реверзен инженеринг



Имате физички дел, STL модел или облак од точки и ви треба променлив 3DCAD за да ја модифицирате геометријата, изработите алати, произведете оштетени или резервни делови... Ние ви испорачуваме параметарски 3Д модел во посакуваниот 3DCAD формат.

Симулации и пресметки FEA CFD


Ако сакате да сте сигурни дека вашиот механизам ќе работи, вашите делови ќе ги издржат работните оптеретувања или сакате да ги оптимизирате трошоците, олесните конструкциите и подобрите перформансите ние можеме да помогнеме.

Техничка поддршка



Нашите клиенти се на прво место. Повеќе клиенти работат со нас бидеќи имаат стабилен партнер на долг временски период, кој секогаш ќе им помогне кога им е потребно. Имаме квалитетен посветен тим, телефонска линија и софтверски алати кои не прават најдобри во индустријата. Секој софтвер е добар ако ние го имплементираме и ако Ве подржуваме.

Равој и интеграција на софтвер



Имате различни софтверски решенија кои не функционираат меѓусебно, имате операции кои се повторуваат и ви одземаат многу време. Ние можеме да ја поврземе вашата конструкција со технологијата, набавката, производството, сервисот и магацинот. Поставете ни цел.

Изработка на постпроцесори за CNC машини


Имате скапи CNC машини, користите рачно програмирање или CAM софтвер за кој немате постпроцесор. Побарајте не и ние ќе го елиминираме рачното пишување и промената на G- кодовите. Со притискање на копче G-кодот ќе биде спремен за вашата 5 оскина глодалка, мулти таск или Swiss type комбинирана машина. Сите го решаваат трооскиното глодање и стругање, а ние се останато.

Прототипско производство



Не ви е доволно 3Д печатење, имате производ и ви треба интеграција на електроника, купување на делови и делови кои треба да се произведат. Ние ќе се грижиме за вклопување и толеранција и ќе ви испорачаме готов прототип или во соработка со вас одредени подсистеми за кои немате технологија.